Израел одобри изградба на повеќе од 2.300 станови на Западниот Брег

Од:

Израелските власти одобрија изградба на повеќе од 2.300 станови во еврејските населби на Западниот Брег, соопшти израелската левичарска организација „Шалом Акшав“.

Комитетот за планирање при израелското Министерство за одбрана донесе таква одлука изминативе денови, се наведува во соопштението на невладината организација.

Одобрението за изградба во еврејските населби минува низ неколку фази. Властите одобриле да се изградат 2.304 станбени објекти, од кои 1.466 во првата фаза од планирањето.

– Зеленото светло за тие населби е дел од катастрофалната владина политика, чија цел е да се наруши можноста за мирно решение по моделот две држави со анексија на некои делови на Западниот Брег, соопшти „Шалом Акшав“.

Израел го окупираше Западниот Брег заедно со источен Ерусалим во шестдневната војна во 1967 година и оттогаш ги населува тие територии. На нив живеат повеќе од 600.000 еврејски населеници меѓу речиси три милиони Палестинци.

Би можело да ве интересира

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа