Израел одговори на првото ракетирање од Газа по повеќе од еден месец

Од:

Израелската војска соопшти дека рано утрово нападнала три позиции на екстремистите на Хамас, како одговор на првото ракетирање од таа палестинска територија, по повеќе од еден месец.

Како што е наведено, ракетата била истрелана од Газа кон Израел и паднала на отворено поле, а војската во знак на одмазда ги нападнала позициите на Хамас со тенкови.

Нема повредени, а ниту една палестинска организација не презеде одговорност за нападот.

Сепак, Израел вели дека водачите на Хамас се одговорни за секое насилство што доаѓа од тој појас на брегот на Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел