Израел нема да го отвори преминот Рафа бидејќи Хамас не ги врати сите тела на заложниците

Од:

Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, како што е пропишано со договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската милитантна група Хамас не ја исполнила својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Како што е најавено, Израел ќе го намали и износот на помош што стигнува до Газа, како дел од санкциите против Хамас.

Хамас вчера ослободи 20 живи заложници, кои беа киднапирани во напад врз јужен Израел во октомври 2023 година, и ги предаде телата на четворица мртви заложници, додека 24 тела сè уште се во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски