Израел нареди мобилизација по нападот во Тел Авив

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди мобилизација на граничната полиција и резервистите на израелската армија во врска со терористичкиот напад во Тел Авив.

Овој потег на Нетанјаху го продолжува стравот од можна ескалација на настаните, пишува „Тајмс оф Израел“. Полицијата во Тел Авив уби вооружен маж кој уби еден човек, а повреди неколку други пукајќи од пиштол и влетувајќи со својот автомобил во пешаци.

Убиената жртва е Италијанец, на возраст од околу 30 години, а сите повредени во нападот се туристи, соопшти израелската здравствена служба Маген Дејвид Адом (МДА).

Напаѓачот, како што се наведува, е државјанин на Израел со арапско потекло, додава „Тајмс оф Израел“.

Убиецот возел по шеталиштето во Тел Авив и почнал да пука во цивили кои се наоѓале во близина, пренесува „Џерусалим пост“.

Тој се обидел да ги прегази и околните пешаци, а автомобилот му се превртел. Израелската полиција соопшти дека го „неутрализирала“ напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Хамас: Подготвени сме да преговараме со Израел за следната фаза од прекинот на огнот во Газа

Горан Наумовски

Ноќна размена: Хамас ги предаде телата на заложниците во замена за палестински затвореници

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот