Израел: Нападнавме десетици воени цели, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.

Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.

ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади во јужниот дел на земјата.

Иран сè уште не коментирал за овие напади.

Би можело да ве интересира

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

ИДФ: Еден војник убиен, друг тешко повреден во пријателски оган во јужен Либан

(ВИДЕО) Иран: Петмина загинаа во напади врз петрохемиска фабрика

Кувајт: Ирански беспилотни летала нападнаа нафтен комплекс и владини канцеларии