Израел мобилизира уште 16.000 резервисти

Од:

Израелската армија дополнително мобилизира 16.000 резервисти за операцијата што ја изведува во Појасот Газа, која почна на 8 јули. Со оваа нова бројка војници, Израел веќе има мобилизирано 86.000 резервисти.

САД вчера потврдија дека на Израел му испорачале муниција, само неколку часа откако го осудија нападот врз училиштето на ОН во Појасот Газа, во кое загинаа приближно 20 лица.

Израелската армија уште на 20 јули побарала испорака на муниција поради намалување на сопствените резерви, посочи Пентагон.

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгл ја одобрил испораката три дена по барањето.

– САД ја презедоа обврската да ја гарантираат безбедноста на Израел и од суштинско значење за националните интереси на земјата е да му помагаме на Израел да ја развие и да ја одржува способноста за силна самозаштита – посочи Џон Керби, портпаролот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски