Израел/Ковид-19: Над 70.000 заразени за 24 часа

Од:

Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш денеска изјави дека 71.593 Израелци биле позитивни на коронавирусот вчера, но изрази уверување дека многу повеќе луѓе се заразени во изминатите 24 часа – дури 200.000.

Министерството не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден бидејќи компјутерските системи се преоптоварени, јавија израелските медиуми.

– Бројките на новозаразени се огромни. Овој бран е предизвик за нас на секој чекор, во тестирањето, карантинот, компјутерските системи, болниците, бројките се огромни, изјави Еш.

Во болниците има речиси 1.600 пациенти заразени со коронавирусот од кои во тешка состојба се 526 лица.

Претставниците на Министерството за здравство, во меѓувреме, размислуваат дали да ги укинат барањата за зелен сертификат и да им дозволат на оние кои не се целосно вакцинирани да влегуваат на јавни места и да присуствуваат на настани бидејќи брзото ширење на новиот сој влијаело тој документ да застаре.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски