Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Од:

За неколку дена Израел ќе започне „значителна одмазда“ на вчерашниот ирански ракетен напад, пишува американскиот информативен сајт Аксиос.

Според порталот Аксиос, кој е добро поврзан со израелски и американски безбедносни извори, цел би можеле да бидат иранските капацитети за производство на нафта.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ со својот напад и дека „ќе плати за тоа“.

Ситуацијата на Блискиот Исток врие, а за денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Потсетуваме дека во текот на ноќта Иран изврши ракетен напад врз Израел. Прочитајте повеќе за тоа во нашиот блог.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии