Израел ќе гради ограда на границата со Јордан

Од:

Израелската Влада одобри фондови за ограда која ќе биде подигната на дел од источната граница на земјата со Јордан.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека оградата ќе биде долга 30 километри и дека ќе почне од Ејлат на Црвено Море. Тој наведе дека целата ограда ќе биде на израелска територија и нема да го крши суверенитет на Јордан. Планот за изградба на оградата е во координацијам со јорданските власти.

Израел и Јордан потпишаа мировен договор во 1994 година.

Во последните неколку години Израел подигна ограда на границата со Египет за да го спречи доаѓањето на африканските имигранти и на Голанската Висорамнина за да спечи продор од Сирија.

Се проценува дека оградата ќе чини две милијарди шекели (околу 500 милиони долари).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа