Израел, Јордан и Либан зафатени од снежнa бурa

Од:

Снежнa бурa рано изутрината ги зафатија Израел, Јордан и Либан, по што уследија апели до граѓаните да останат во своите домови бидејќи заледените улици се блокирани.

Во Ерусалим паднаа 25 сантиметри снег, по што училиштата се затворени, а локалните автобуси не моажт да сoобраќаат по вообичаениот распоред. Двата главни автопати кои водат до Ерусалим се затворени во двата правци.

– Многу снег падна во Ерусалим, до сега околу 25 сантиметри и ќе продолжи да паѓа и во текот на денот, соопшти метереологот, Ринат Рехамин од Израелскиот Метереолошки сервис.

Снегот исто така, го прекри Западниот Брег и палестинските власти им советуваа на луѓето да не возат, па дури и да не излегуваат од своите домови доколку тоа не е неопходно.

Војската е во состојба на готовност за да и помогне на цивилите во најзафрлените предели.

Во соседен Јордан повеќето патишта се блокирани, вклучувајќи ги и оние во престолнината Аман. И таму важи пепораката населението да не излегува од своите домови.

Во Либан паѓаше снег во деловите на земјата кои се на надморска височина над 200 метри, а во Бејрут врнеше град.

Би можело да ве интересира

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Бербок: Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел го прекршува меѓународното право

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Израелската армија уби 20 Палестинци во Појасот Газа