Израел ја прошири офанзивата, а Хамас ги бомбардира Тел Авив и Ерусалим

Од:

Израел денеска значително ја прошири офанзивата во Појасот Газа откако од палестинските територии беа истрелани ракети врз Ерусалим и Тел Авив.

Тоа е најголем судир меѓу двете страни од ноември 2012 година и расте загриженоста дека Израел би можел да преземе голема копнена офанзива.

Вашингтон, Брисел и поголемиот број арапски земји побараа моментален прекин на насилството, кое се заканува да прерасне во поголем судир во регионот.

Од вчера израелските авиони бомбардираа 430 цели во Појасот Газа, а екстремистите на хамас истрелаа 117 ракети, од кои некои врз Ерусалим и Тел Авив, па дури и врз Хадер, оддалечен 116 километри.

Во досегашните судири загинаа 32 Палестинци, меѓу кои екстремисти, но и деца и жени. Над 230 се повредени.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел