Израел: Иран сака да е нуклеарна сила, мора веднаш да се дејствува

Од:

ИЗРАЕЛ го обвини Иран дека е „целосно решен да ја заврши својата програма за нуклеарно оружје“, по откритијата во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека Техеран го забрзал темпото на производство на своите залихи ураниум збогатен на 60 проценти.

„И покрај бројните предупредувања од меѓународната заедница, Иран е целосно решен да ја заврши својата програма за нуклеарно оружје“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Прагот на збогатен ураниум од 60 проценти е блиску до 90 проценти потребни за производство на атомско оружје.

„Такво ниво на збогатување постои само во земји кои активно се стремат да добијат нуклеарно оружје и нема цивилно оправдување“, додаде тој.

„Меѓународната заедница мора веднаш да дејствува за да го запре Иран“, нагласи израелскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН

ВИДЕО: Саудиска Арабија ја прекинува испораката на нафта за Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Американската војска изгубила најмалку 42 летала во војната со Иран, трошоците достигнаа 29 милијарди долари

Техеран: Односите со Анкара се „специјални во секој поглед“

А1он

ВИДЕО: Што остана од клучниот саудиски нафтовод