Израел и Бутан воспоставија дипломатски односи

Од:

Израел воспостави дипломатски односи со Бутан, претежно будистичка држава, кој е сосед на Индија, објави денеска „Џерусалим пост“.

Свечената церемонија се одржа во резиденцијата на израелскиот амбасадор во Индија, Рон Малка.

Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази го поздрави настанот како „главна пресвртница во продлабочувањето на врските на Израел со Азија“.

– Кругот на признавање на Израел расте и се шири, рече тој, додавајќи дека се надева дека ќе го пречека кралот на Бутан во Израел некаде во следната година.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Ашкенази и неговиот колега од Бутан, Танди Дорџи, веќе оствариле разговори и се согласиле на соработка во области како што се управување со водите, земјоделство, здравствената заштита и многу други.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници