Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Од:

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен и нареди на израелската електрична корпорација (ИЕЦ) веднаш да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа во обид да изврши притисок врз палестинската милитантна група Хамас, која сè уште држи 59 заложници киднапирани во јужен Израел.

„Ќе ги искористиме сите средства што ни се достапни за да се осигураме дека сите заложници ќе бидат вратени и ќе се погрижиме Хамас да не биде во Газа по завршувањето на конфликтот“, рече Коен во видео изјавата.

Канцеларијата на Коен испрати писмо до IEC со наредба да престане да продава електрична енергија за електрани во Појасот Газа, објави The Times of Israel.

Овој потег доаѓа откако Израел објави дека го запира влезот на стоки во Појасот Газа поради, како што рече, одбивањето на Хамас да го прифати предлогот за продолжување на почетната фаза од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека е подготвен да го зголеми притисокот и да не исклучи прекин на електричната енергија во Појасот Газа, доколку Хамас не ги повлече барањата во преговорите за ослободување на заложниците и прекин на војната, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски

Владата на Сомалија го осуди Израел по признавањето на Сомалиленд: „Ќе преземеме сите мерки за да се одбраниме“

ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан

Хамас: Израел го крши прекинот на огнот, целта е да се спречи преминот во втората фаза