Израел го одбележа Денот на холокаустот

Од:

Животот во Ерусалим, денеска, по повод Денот на Холокаустот, запре за две минути, кога точно во 10 часот по локално време се разнесе звукот на сирените, што се огласија во спомен на шестте милиони еврејски жртви на нацизмот, пренесе ДПА.

Од синоќа сите радио-телевизиски станици емитуваат емисии, документални и играни филмови за нацистичкиот геноцид, со сведоштва на преживеани.

Со звукот на сирените, денеска, запреа автомобилите, јавниот транспорт и пешаците.

Годинава церемониите се посветени главно на споменот на востаниците од варшавското гето, по повод 70-годишнината од нивниот бунт против нацистите, во април 1943 година.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, кој е во посета на Израел и палестинските територии, учествува на церемонијата во Јад Вашем – меморијалот на жртвите на Холокаустот во Ерусалим.

Синоќа еден од шестте факели во спомен на овие жртви беше запален во Јад Вашем од вдовицата на Перец Хохман, еден од последните борци во варшавското гето, кој почина минатата недела, на 83-годишна возраст.

Во Израел денеска живеат приближно 192.000 преживеани од Холокаустот, според податоци на организации на преживеани од нацистичките кампови на смртта.

При отворањето на церемонијата во Јад Вашем, синоќа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „не може да ја остави својата судбина во рацете на други земји“, имајќи ја предвид заканата од иранската нуклеарна програма.

-Ги цениме напорите на меѓународната заедница за запирање на нуклеарната програма на Иран, но во ниту еден момент нема да ја оставиме нашата судбина во рацете на други земји, дури да се нашите најдобри пријатели, изјави Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци