Израел го обвини Иран за нападот со дрон врз танкер во близина на Оман

Од:

Израел денеска го обвини Иран дека вчера со беспилотно летало нападнал израелски танкер за нафта во близина на брегот на Оман.

Компанијата „Истрн пацифик шипинг“ (Eastern Pacific Shipping), во сопственост на израелскиот милијардер Офер Идан, соопшти дека е погоден еден од нејзините товарни бродови. Во инцидентот нема жртви.

Според бродската компанија со седиште во Сингапур, бродот „Пацифик циркон“ бил погоден од проектил што предизвикал мала материјална штета, но не дошло до истекување на нафта. Бродот пловел под знамето на Либерија и бил на пат од Оман за Аргентина.

Израелски официјален претставник за германската новинска агенција ДПА изјави инцидентот е „дел од иранските напори за дестабилизација на регионот“, „провокација“ во пресрет на претстојниот Мундијал во Катар.

Според него танкерот бил нападнат од дрон Шахед-136. Иран неодамна и продаде ваков тип на беспилотни летала на Русија.

Чести се нападите врз товарните бродови во сопственост на Израел во Омански Залив. Израел за нападите секогаш го обвинува главниот непријател Иран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад