Израел го нападна Иран: Десетици израелски авиони беа вклучени во првата фаза од нападите

Од:

Портпаролот на Израелските одбранбени сили потврди дека Израел започнал „превентивна, прецизна, комбинирана офанзива“ за напад врз нуклеарната програма на Иран.

Тој додаде дека нападите биле одговор на „континуираната агресија на иранскиот режим против Израел“.

Десетици израелски авиони биле вклучени во „првата фаза“ од нападите врз „нуклеарни цели“ во различни области на Иран, се вели во соопштението. Не е прецизирано дали ќе бидат извршени повеќе напади.

„Денес, Иран е поблиску од кога било до добивање нуклеарно оружје. Оружјето за масовно уништување во рацете на иранскиот режим е егзистенцијална закана за Државата Израел и значителна закана за поширокиот свет“, рече портпаролот.

Тој нагласи дека израелската војска е „подготвена да продолжи да дејствува доколку е потребно“.

Неименуван висок израелски воен функционер изјави за Би-Би-Си дека Иран има доволно нуклеарен материјал за да создаде нуклеарни бомби „во рок од неколку дена“. Тој тврди дека во последните месеци се направени тајни обиди за склопување нуклеарни бомби.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови