Израел ги прими останките на двајца заложници

Од:

Израел ги прими останките на двајца заложници за кои претходно милитантната група Хамас објави дека починале за време на нивното заложништво во Газа, соопштија денес израелски официјални лица.

Останките беа префрлени во Израел преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ќе бидат испратени во националната форензичка лабораторија за официјална идентификација, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во соопштението, пренесува CNN.

„Напорите за враќање на нашите заложници продолжуваат без прекин и нема да престанат додека не се врати и последниот“, соопшти владата.

Би можело да ве интересира

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош