Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Од:

Израел доби одобрение од САД, Египет и Катар да ги нападне целите на Хамас на израелската страна од таканаречената „Жолта линија“, која ја дели зоната контролирана од Израел од де факто Појасот Газа управуван од Хамас, откако истече рокот за Хамас да ги повлече своите борци од источниот Појас Газа.

Одобрението дошло откако Египет и Катар го информирале Хамас дека имаат рок од 24 часа да ги повлечат своите борци од источниот Појас Газа или ќе се соочат со акција од страна на израелските сили, а тој рок истече вчера 20 часот по локално време.

Во изјавата на функционерот не се споменува Турција, која исто така учествува во посредувањето за прекинот на огнот во Газа.

Анкара, која е меѓу најгласните критичари на израелската политика на меѓународната сцена, наводно не сакала да биде поврзана со одлуката да му се даде „зелено светло“ на Ерусалим за напад врз Хамас.

Извор запознаен со настаните за „Тајмс оф Израел“ изјави дека линијата за демаркација сè уште не е целосно имплементирана на терен и дека војниците не се секогаш сигурни каде точно се протега во одредени делови од Газа, бидејќи таа беше воспоставена пред само неколку недели како дел од договорот за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски