Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Од:

Израел денеска комплетно ги укина „зелените пропусници“ што е прдолжување на трендот за укинување на мерките против Ковид-19 со оглед дека бројката на новозаразени е во стабилен пад.

Ковид-потврдите со кои се докажува дека лицето е вакцинирано, прележало ковид или има негативен тест парцијално беа укинати во Израел од 4. февруари. Од тогаш ковид-потврдите беа потребни само за во некои јавни места како ноќни клубови и за големите објекти за прослави.

Израелскиот премиер кој рече дека бранот омикрон е завршен, вели дека родителите сепак ќе мораат да ги тестираат децата двапати седмично и дека и натаму ќе бидат неопходни негативни ковид тестови за поста во старските домови.

Во текот на прет5ходниот бра, Израел воведе политика наречена „живот со ковид“ што обозможи одвивање на стопанските и економските активности. Училиштата во најголем дел беа отворени и покрај тоа што често имаше прекини во наставата поради случаи на зараза и на изолации.

Би можело да ве интересира

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19

Нафтали Бенет е во изолација поради ковид во неговото семејство

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Во Израел откриен првиот случај на новиот опасен вид коронавирус

Катерина Ѓуровски