Изминатата деценија – најтопла во последните 140 години

Од:

Изминатата деценија беше најтопла измерена на Земјата, а 2019 година е втора најтопла година според досегашните мерења, соопштија денеска две американски агенции и специјализирана агенција на Обединетите нации.

Неколку научници тврдат дека годините што следат ќе бидат уште потопли и ќе достигнат рекордни температури. Од 1980-тите, секоја деценија беше потопла од претходната, според Светската метеоролошка организација.

Институтот на НАСА за вселенски истражувања, НОАА и Светската метеоролошка организација (СМО), која е специјализирана агенција на ООН, пресметаа дека 2019 година е втора најтопла година откако започнале мерењата пред 140 години. Најтопло било во 2016 година. Пет други тимови на научници се согласија со тоа, врз основа на мерењата на температурата на површината на Земјата.

– Ако мислите дека веќе сте ја слушнавте оваа приказна, уште ништо не сте виделе. Тоа ќе биде дел од нешто што ќе се гледа секоја година се додека не се стабилизираат гасовите со ефект на стаклена градина, изјави директорот на Институтот за вселенски студии Годард при НАСА. Гавин Шмит.

Тој истакна дека општо гледано, Земјата сега е околу 1,2 Целзиусови степени потопла отколку на почетокот на индустриската ера, што е важно затоа што светските лидери во 2015 година во Париз ја усвоија целта да се спречи Земјата да се затоплува над 1,5 Целзиусови степени во однос на индустрискиот период. Шмит рече дека овие податоци покажуваат дека глобалната цел не може да се постигне.

– Ова е реално, тоа се случува“, рече Шмит, посочувајќи на крајот на деценијата, кој беше проследен со големи пожари, топење на снегот и екстремни временски услови кои постојано беа поврзанувани со човековата активност.

НОАА и Светската метеоролошка организација проценуваат малку пониско ниво на затоплување на планетата во однос на индустриската ера. СМО наведува дека просечната годишна температура во светот во 2019 година била 1,1 Целзиусови степени повисока од просечната забележана во пред-индустриската ера (1850-1900).

Секој дополнителен половина степен го зголемува интензитетот или зачестеноста на горештините, невремето, сушите или поплавите, предупредуваат научниците.

Глобалното затоплување веќе се забележува во топлотните бранови, топењето на мразот, зголемениот број пожари, посилните невремиња, обилните врнежи од дожд проследени со поплавување и покачување на нивото на морето, истакна шефот на Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени Ханс-Ото Портнер.

Од 2010 година, просечната температура во светот беше 14,7 Целзиусови степени, или 0,8 степени повисока од просечната во 20 век и повеќе од една петтина степен потопла од претходната деценија, која е најжешка од моментот кога се почнати мерењата, според Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

В о последната деценија имаше осум од 10-те најтопли години . Другите две години меѓу десетте најтопли беа 2005 и 1998 година.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска