Измерени рекордни 7.6 промили алкохол во крвта

Од:

Своевиден рекорд, кој за малку ќе ја чинел живот оствари една 41-годишна Чехинка откако во болница и биле измерени 7,6 промили алкохол во крвта.

Жената во болница била примена во бесвесна состојба и лекарите не можеле да им поверуваат на своите очи кога виделе колкаво количесво алкохол има во крвта.

-Имаше опасност од тотално откажување на функциите на организмот. Лекарите ја ставија на сите потребни апарати, изјави за порталот „Иднес“ портпаролот на болницата, Мартин Шалек, веднаш по приемот.

Пациентката, сега е надвор од животна опасност.

Само за илустрација, кај една жена со тежина од 70 килограми за да се измерат 7,5 промили алкохол во крвта потребно е за пет часа да испие 28 големи чаши жесток алкохол. Толкаво количество алкохол испарува за повеќе од 50 часа.

Вредноста од 7,6 промили е досега најголемо количество алкохол кое е измерено во крвта кај жена во земјата.

Апсолутен рекордер е еден земјоделец на кого, во 2005 година, му беа измерени речиси осум (7,94) промили алкохол.

За светски рекордер, наводно, е прогласен еден Полјак, кому му биле измерени 12,3 промили.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски