Излезни анкети: И Ганц и Нетанјаху прогласија победа

Од:

Според излезните анкети од денешните парламентарни избори во Израел, партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и ривалската Сино и бело на Бени Ганц се многу блиску со резултатот и во овој момент е тешко да се утврди која е во предност.

И Нетанјаху и Ганц прогласија победа на изборите.

-Победивме! Израелската јавност го кажа своето, се вели во соопштението на партијата Сино и бело, за која две од три излезни анкети покажаа дека освоила повеќе места во парламентот од конзервативната Ликуд на Нетанјаху.

Меѓутоа, според податоците од третата излезна анкета, двете страни се изедначени.

Од друга страна, Нетанјаху во соопштение наведе дека десничарскиот блок, предводен од Ликуд остварил „чиста победа”.

-Ќе почнам да формирам десничарска влада со нашите природни партнери уште оваа ноќ, изјави Нетанјаху.

Две излезни анкети предвидуваат дека десничарските партии заедно имаат повеќе од 60 од вкупно 120 места во парламентот, додека третата анкета наведува дека овој блок ќе биде изедначен со партиите од левиот центар, блиски до Ганц.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници