Иванка Трамп: „Те сакам тато, сега и засекогаш“

Од:

Иванка Трамп, најстарата ќерка на претседателскиот кандидат Доналд Трамп, вечерва по обидот за атентат врз него изјави дека го сака, денес и засекогаш.Таа им се заблагодари на сите што се молат за нејзиниот татко и за другите жртви на пукањето на предизборниот митинг во Пенсилванија.

„Благодарна сум на Тајната служба и на сите безбедносни агенции за брзата и одлучна реакција. Продолжувам да се молам за нашата земја.Те сакам тато, денес и засекогаш!“, напиша таа на социјалната мрежа Х.

Поранешниот претседател Доналд Трамп денеска беше повреден во пукотница на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија. По истрелите, Трамп падна на земја. Тој беше подигнат од обезбедувањето и имаше крв на лицето, кај десното уво. Обезбедувањето се собра околу него, а тој за кратко време стана и ја подигна дланката во тупаница, упатувајќи знак дека е добар.

Едно лице присутно на митингот загина, двајца се тешко повредени, а пукачот беше застрелан.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он