Италијанските власти уапсија 35 лица под сомнение дека се членови на „Коза ностра“

Од:

Италијанските власти уапсија 35 лица во серија рации под сомнение дека се членови на мафијата, соопшти денеска полицијата.

Во рациите, во кои учествуваат и полициски хеликоптери, посебно внимание е насочено кон Трапани, град во западна Сицилија.

Во полициското соопштение се наведува дека целта е апсење на шефот на сицилијанската „Коза ностра“, Матео Месина Денаро, кој е во бегство од 1993 година.

Денаро сè уште командува со мафијашката група во областа, нејзино упориште, и покрај неговото долго отсуство, велат од полицијата. Акцијата има за цел да уапси вкупно околу 70 мафијаши.

Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиството на обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселини во 1992 година, кои ги гонеа мафијашите.

Тој исто така беше осуден на доживотен затвор за неговата улога во нападите во 1993 година во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен