Италијанскиот премиер Конте на тапет поради анти-корона мерките во Ломбардија

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денескa се соочи со обвинителите кои отворија истрага за задоцнетото воведување мерки за изолација во два помали града во Ломбардија, која потоа стана најтешко погодениот италијански регион од епидемијата на коронавирусот.

Според епидемиолозите, двонеделното задоцнување со воведувањето на карантинските мерки во градчињата Алкан и Нембру, овозможи вирусот да се прошири и во Бергамо, градот во кој потоа, во март, таканаречениот „вишок на смртност“ се зголеми за 571 процент во однос на петгодишниот просек, наведува лондонски „Гардијан”.

Главната обвинителка Марија Кристина Рота, заедно со тим соработници,  утринава дојде во кабинетот на премиерот во Рим, а покрај Конте, се очекува да ги испраша и министрите за здравство и за внатрешни работи.

Во текот на претходните денови, на нејзините прашања одговараше шефот на Врховниот институт за здравство.

Засега никој не е под истрага и не е јасно каква е кривичната одговорност, што, доколку ја има, може да им се стави на товар на јавните функционери за одлуките што ги неселе или не ги донеле во екот на пандемијата.

Истрагата, меѓудругото, треба да утврди дали воспоставувањето рестриктивни „црвени зони“ околу двата града е одговорност на националните или регионалните власти.

По минатомесечните разговори со претставниците на Ломбардија, Рота рече дека се чини дека оваа одлука спаѓа во надлежност на националните власти, додека кабинетот на Конте смета поинаку, посочувајќи на регулативите што го уредуваат проблемот, а како примери ги зеде другите региони кои сами имаа воспоставени „црвени зони“.

На прашањето дали сега смета дека изолацијата требаше да се воведе порано, Конте во интервју за римски „Прес“ рече дека е мирен во врска со одлуките што ги донел и дека постапувал согласно својата совест и согласно позицијата на науката.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски