Италијански виролог: Ризикот од пренесување на вирусот преку храна и амбалажа е мал

Од:

Вирологот Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано тврди дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мал.

– Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот, вели тој.

Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: чистењето мора да се изврши првалино и внимателно.

– Но не можеме се да дезинфицираме, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија