Италијански научник тврди дека пандемијата ќе заврши на пролет

Од:

Пандемијата со Ковид-19 ќе заврши во периодот април – мај следната година, тврди италијанскиот научник од Универзитетот во Неапол, професор Франческо Санино.

Тој раководи со група научници и истражувачи, кои претходно, со помош на математички метод, прогнозираа дека вториот бран на пандемијата ќе биде помеѓу октомври и ноември.

– Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме Владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не се случи, истакна професот Сонино.

Тој тврди дека сега сме на почетокот од вториот бран на пандемијата со Ковид-19 и оти ефикасноста на преземените мерки ќе дадат резултати за неколку недели.

Според проценките објавени во научното списание „Сајантифик рипорт“ во Италија би можело осум милиони луѓе да се заразат со новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он