Италијански лекар заболен од ебола изолиран во болница во Рим

Од:

Првиот Италијанец инфициран со ебола, лекар кој денеска пристигна во Рим од Сиера Леоне, се наоѓа на одделението за изолација во една римска болница.

Педесетгодишниот лекар од Сицилија е префрлен со авион на воениот аеродром во Пратика ди Мареу во специјално запечатена единица, а потоа со амбулантно возило е одвезен во институтот Лазаро Сплацани.

Италијанското Министерство за здравство денеска треба да одржи прес-конференција на која ќе ги објави деталите за неговата состојба.

Лекарот, чие име е Фабрицио (а презимето не му е објавено) работел на клиника за жртви од ебола, кога се заразил со овој вирус, кој од почетокот на годината кога изби неговата епидемија во западна Африка, однесе речиси 5.500 човечки животи.

Тој отпатувал во Сиера Леоне на 18 октомври и требал во Италија да се врати во петок. Работел со уште 25 италијански лекари, сестри и логистички персонал и сите тие живееле заедно во три куќи со мали соби и заеднички простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале