Италијанската влада го обвини „Вагнер“ дека стои зад бранот мигранти во Средоземното Море

Од:

Италијанската влада денеска соопшти дека руската приватна паравоена организација „Вагнер“ наводно стои зад зголемениот бран бродови со мигранти кои се обидуваат да го преминат централниот Медитеран, како дел од стратегијата на Русија да возврати на земјите што ја поддржуваат Украина.

Министерот за одбрана Гидо Крозето изјави дека сега со сигурност може да се каже дека експоненцијалното зголемување на мигрантите кои доаѓаат од африканските брегови може да се смета за дел од стратегијата за хибридно војување што ја спроведува „Вагнер“.

Крозето, висока личност во владејачката десничарска партија Браќа на Италија, ги повика сојузниците во НАТО да и помогнат на Италија полесно да се справи со зголемувањето на пристигнувањето мигранти.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани за агенцијата АНСА за време на неговата посета на Израел изјави дека е загрижувачко што многу мигранти доаѓаат од области „контролирани од Вагнер групата“.

Околу 20.000 луѓе пристигнале во Италија досега оваа година, во споредба со 6.100 во истиот период минатата година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин преку Телеграм одговори на тие обвинувања дека нема поим што се случува со мигрантската криза и дека неговата група не е заинтересирана за тоа.

Пригожин му рекол на Крозе да внимава на сопствената земја.

Силите на Вагнер се обвинети дека дејствувале во неколку африкански земји, вклучувајќи ги Либија, Мали и Централноафриканската Република.

Италијанскиот премиер Џорџо Мелони, кој има цврст став против илегалната имиграција, беше критикуван по бродоломот минатиот месец во близина на јужна Калабрија, во кој загинаа најмалку 79 мигранти поради наводниот бавен одговор од властите.

Хуманитарната организација „Аларм фон“ ја обвини Италија дека не испратила крајбрежна стража и покрај тоа што во саботата постојано беше предупредувана дека бродот со мигранти е во неволја, кој потона следниот ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски