Италијанската полиција заплени 400.000 медицински маски

Од:

Италијанската полиција заплени околу 400.000 медицински маски, што илегално биле увезени од четворица кинески бизнисмени.

Кинеските бизнисмени маските ги претставиле како донација, а всушност биле наменети за препродажба.

Еден од бизнисмените признал дека планирале да увезат вкупно пет милиони маски или ФФП2 маски во рок од една недела.

Запленетите маски пристигнале со авион во Милано и во Рим и биле претставени како донација, но всушност биле наменети за продажба по цена од две или три евра по маска, додека ФФП2 требало да се продаваат од четири до пет евра.

Според италијанската полиција, седиштата на фирмите за увоз на медицински материјали биле фиктивни.

Полицијата исто така заплени околу 100.000 маски во суши ресторан во Торино, а друга пратка е запленета во Неапол.

Запленетите маски ќе бидат предадени на италијанската цивилна заштита, која ќе ги дистрибуира во болниците и старските домови.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија