Италијанската полиција заплени 300 килограми марихуана

Од:

Во акција на италијанската полиција запленети се 300 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот е над два милиони евра. Според полицијата дрогата била открина во магицински простор во еден трговски центар во Порте ди Катаниа. Дрогата од Албанија била прошверцувана со моторен чамец до Италија, со крајна дестинација Сицилија.

Уапсени се седум лица меѓу нив двајца албански државјани. Сите се уапсени во мигот кога двајцата албански државјани ги пречекале петте други лица, Италијанци, кои со две возила требало да ја преземат дрогата.

Во одделна акција италијанската полиција во градот Пуља запленила 13 килограми хероин и го уапсила албанскиот државјанин Таулант Ходај, во чиј стан била откриена дрогата. Истиот, полицијата го следела подолг период и открила дека е дел од криминална група која шверцува дрога од Албанија за Италија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата