Италијанската полиција спречила напади на проруски хакери за време на Евросонг

Од:

Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10. мај и вчерашното финале на Евровизија во Торино. Полицијата соопшти дека ублажила неколку сајбер напади на хакерската група Килнет врз мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапот на натпреварувачите.

Килнет на 11. мај објави дека нападнала веб-страници на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот, Горниот дом на италијанскиот парламент и Националниот институт за здравство (ISS), објави новинската агенција АНСА. Откако Русија ја нападна Украина на 24. февруари, многу западни влади го подигнаа нивото на тревога поради можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Украинската група Калуш Оркестар победи на Евровизија, со бран поддршка од јавноста, а победата ја поздрави и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Реакција на Русија за победа на Украина на Евросонг

Катерина Ѓуровски

НАТО: Победата на Украина на Евросонг ја покажува поддршката што ја има земјата

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Следната година Евровизија ќе биде во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците на Евросонг: Помогнете ни, спасете го Мариупол, спасете го Азовстал

Катерина Ѓуровски

МРТ одлучи Андреа да настапи, од следната година може да не учествуваме на Евровизија

Катерина Ѓуровски