Италијанската морнарица денеска соопшти дека за време на викендот спасила над 2.700 илегални имигранти кои се обиделе да стигнат од Северна Африка во Медитеранот и оти пронашла две тела.
– Повеќе од 2.700 луѓе се спасени од петокот до неделата во операцијата „Наше море“, се истакнува во соопштението на италијанската морнарица.
Двете тела се пронајдени во неделата, но морнарицата не наведува повеќе детали. Од почетокот на годината италијанската морнарица спаси околу 93.000 имигранти кои се обидувале да стигнат во Европа од Африка.