Италијанската даночна полиција упаднала во канцелариите на „Фејсбук“

Од:

Во канцелариите на „Фејсбук“ во Милано упадна италијанската даночна полиција со цел да провери дали фирмата правилно ги пријавува своите приходи заработени во Италија.

Италија на овој начин им се придружи на се поголемиот број земји кои се обидуваат да ги спречат големите меѓународни фирми да го избегнат плаќањето данок.

Станува збор за компании кои своето работење во голем дел го засноваат на интернет, што претставува подрачје кое и понатаму е недостапно за важечките закони во многу земји кои водар расправа како да се контролира бизнис заснован изклучиво на глобалната информациска мрежа.

Истрагите во канцелариите на „Фејсбук“ започнале уште пред еден месец, кога претставници на италијанските даночни служби земале документација од просториите на оваа компанија.

Интернет гигантот „Гугл“ минатата година во Велика Британија заработил четири милијарди долари, а платил данок помал од 10 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он