Италијанска полиција: Мафијата ќе се обиде да дојде до парите од фондови на ЕУ

Од:

Италијанските иследници предупредуваат дека мафијата ќе се обиде да се здобие со стотици милијарди евра од фондот за обновување на ЕУ по пандемијата на коронавирусот.

Во време кога лидерите на ЕУ се собраа во Брисел да разговараат за висината и условите за добивање помош, генерал Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската анти-мафијашка агенција (ДИА), изјави дека мафијашите веќе прават планови за тие ги добијат тие пари.

Тој додаде дека тие планови вклучуваат корупција и злоупотреби на премногу бавната и неефикасна бирократија.

За телевизијата РАИ, Говернале го спореди очекуваниот прилив на финансиска помош по пандемијата на коронавирусот, што имаше уништувачки ефект врз европската економија, со големото закрепнување по Втората светска војна.

„Стотици милијарди (евра) ќе се влеат во Европа и Италија и во овој момент мафијата нема да застане и нема само да гледа. Мафијата ќе се нурне во тоа море (на пари)“, рече Говернале.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он