Италијанка ги избегнувала лекарите поради Ковид-19, па ѝ откриле тумор од 20 килограми

Од:

На една Италијанка, која со месеци избегнувала лекари поради страв од коронавирусот, ѝ бил откриен и отстранет тумор со широчина од 70 сантиметри и тежок 20 килограми.

– Пациентката крајно се плашела од „ковидот“, па избегнувала прегледи и покрај неповолните симптоми. Со месеци, отокот растел сѐ дури жената, конечно, не решила да отиде на гинеколог. Ова резултирало со потврда на дијагнозата за карцином, изјави вчера д-р Џовани Венаречи, раководител на одделот за хирургија во болницата „Кардарели“ во Неапол.

Жената имала успешна операција и сега заздравува во својот дом.

– Сè помина најдобро што можеше, додаде хирургот.

Лекарите од болницата во Неапол го лоцирале туморот кај карлицата на 64-годишната жена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он