Во акцијата на карабинерите во италијанскиот град Катанија уапсени се 13 лица обвинети за злосторничко здружување во организација на мафијата Коза Ностра, како и за шверц и шверц на дрога, пред се кокаин, соопшти денеска полицијата.
Неколку истражни служби биле вклучени во истрагата наречена „Леониди бис“, која резултирала со разбивање на мафијашката група „Сантапаола Ерколано“, пренесе агенцијата Анса.
Како што соопштија од полицијата, решавачкиот удар на оваа група е нанесен токму во моментот кога се обидувала да се реорганизира откако веќе била ослабена од претходните акции на полициските служби.
Во истрагата, која траела 18 месеци, карабинерите заплениле пет ловечки пушки, митралез, два пиштоли и 350 парчиња муниција од различен калибар, како и килограм кокаин и шест килограми хашиш.