Уапсен најбараниот криминалец во Италија, шефот на Коза Ностра во приватна клиника во Палермо

Од:

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Месина Денаро се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година.

Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.

Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.

Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсена e сестрата на последниот кум на сицилијанската мафија

Уапсен човекот кој му го позајмил идентитетот на озглогласениот шеф на Коза Ностра

Додека не најдеме тело, нема да веруваме дека е мртов: Пред шест години презентирани мрачни информации за шефот на Коза Ностра

А1он

Италијанските власти уапсија 35 лица под сомнение дека се членови на „Коза ностра“

А1он

Во Палермо уапсени 20 мафијаши, ги пријавиле бизнисмени што ги рекетирале

Жарко Настоски

Оружје од сицилијанската мафија „Коза ностра“ запленето од сицилијанската полиција

А1он