Стотици лица се стравува дека се удавија, откако брод кој превезувал повеќе од 700 мигранти се преврте во Медитеранското Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Како што пренесува Би-Би-Си во тек е голема спасувачка операција по превртувањето на бродот кој превезувал мигранти од либискиот брег.
Портпаролката на УНХЦР Карлота Сами соопшти дека 28 лица се спасени. Преживеаните соопштија дека на бродот имало повеќе од 700 лица.
Според весникот „Тајмс оф Малта“, инцидентот се случил околу полноќ, недалеку од либискиот брег, 120 милји јужно од италијанскиот остров Лампедуза.
Спасувачките тимовиу на Италија на тоа подрачје прогласија вонредна состојба.
Се верува дека бродот се превртел, кога повеќето мигранти преминале на една страна откако виделе дека им се приближува трговски брод.