Италија: Повеќе од 99 проценти од жртвите веќе имале некоја болест, нови 5.322 заразени

Од:

Повеќе од 99 проценти од жртвите на коронавирусот во Италија се луѓе кои веќе имале некоја друга болест, покажа истражување на здравствените власти во земјата.

Новото истражување може да обезбеди увид во тоа зошто стапката на смртност во Италија, која изнесува околу осум проценти од вкупниот број на заразени, е повисока отколку во другите земји, пренесува Блумберг.

Експертите од институтот во Рим ги испитале медицинските досиеја на околу 18 проценти од жртвите на коронавирусот во Италија и откриле дека само три лица кои починале, или 0,8 проценти од вкупниот број починати, претходно немале друга болест.

Повеќе од 75 проценти имале висок крвен притисок, околу 35 отсто имале дијабетес, а третина имале некои срцеви заболувања.

Просечната возраст на починатите од вирусот во Италија е 79,5 години.

Во последните 24 часа во Италија се регистрирани нови 5.322 заразени со кoронавирусот, со што вкупниот број достигна 41.035 инфицирани луѓе. Вкупниот број на починати денеска изнесува 3.405, односно 427 повеќе од вчера. Во Италија од Ковид-19 оздравеле 4.440 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале