Италија подготвува поригорозни мерки

Од:

Италијанската Влада ја разгледува можноста за воведување на построга забрана за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажаа дека преголем број се движат.

– Во Ломбардија, регионот најпогоден од епидемијата со Ковид-19, 40 проценти од луѓето се движаат наоколу, изјави вчера регионалниот претставник на Министерството за здравство, Џулио Галера.

Тој додаде дека податоците ги отстапиле телекомуникациските оператори и ја отфрли тезата дека се работи за повреда на приватноста бидејќи се работи за анонимни податоци.

Италијанскиот министер за спорт Бинцензо Спадафора истакна дека Владата разгледува нови мерки, како забрана за џогирање, поради тоа што „многу луѓе ги потценуваат ризиците“.

Цела Италија е во карантин од 10 март и луѓето не смеат да ги напуштаат домовите освен во случај да купуваат хана и лекови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 11 до 17 март полицијата запрела повеќе од еден милион луѓе и поднела прекшочни пријави против речиси 45.000 лица порадио кршење на правилата за движење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале