Италија нуди воздушен коридор кон САД, исклучиво за патници негативни на коронавирусот

Од:

Италија ќе го понуди првиот воздушен коридор од Европа до САД со патници кои имаат негативен тест за коронавирус, што ќе го отстрани условот новопристигнатите да одат во изолација.

Римскиот аеродром „Фиумичино“ соопшти дека е постигнат договор меѓу италијанскиот авиопревозник „Алиталија“ и американскиот „Делта ер лајнс“ за специјални летови помеѓу определени американски градови и италијанската престолнина од следниот месец.

Слични коридори ќе бидат отворени меѓу Рим и германските градови Минхен и Франкфурт. Во септември, ваквите летови започнаа да се реализираат помеѓу Рим и Милано.

Новите протоколи за патување, планирани на експериментална основа за летови од САД до италијанскиот аеродром во Рим, ќе стапат на сила најрано на почетокот на декември.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран