Италија ќе ги казнува хуманитарните организации кои спасуваат мигранти на море

Од:

Италијанската десничарска Влада одобри казнување хуманитарни организации кои спасуваат мигранти на море, како и запленување на бродовите доколку ги прекршат новите построги правила.

Во владината уредба одобрена доцна синоќа се наведува дека по спасувањето на група мигранти, спасувачките бродови треба „без одлагање“ да впловат во пристаниште, а не да останат на море во потрага по други чамци со мигранти во неволја.

Мисиите на хуманитарните невладини организации (НВО) вообичаено траат со денови во средниот дел на Средоземното Море, каде стотици луѓе се превезуваат на бродот во низа акции.

Во новата регулатива на Италија, се наведува дека бродскиот персонал на невладините организации мора да ги информира мигрантите на бродот дека можат да бараат меѓународна заштита каде било во Европската унија.

Капетаните кои ќе ги прекршат новите правила се соочуваат со казни до 50.000 евра, а повторените прекршувања може да доведат до запленување на бродот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски