Италија истражува осум смртни случаи по вакцинација со „АстраЗенека“

Од:

Осум сомнителни смртни случаи се пријавени во Италија по употребата на вакцината од британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека против Ковид-19. Ова го објави Николас Магрини, генерален директор на Италијанската агенција за лекови (Аифа).

– Имаме осум смртни случаи и четири сериозни инциденти, од кои некои се случија многу денови по вакцинацијата. Бидејќи се вршат истражни проверки, роковите се одложуваат и започнавме итно собирање на документација, изјави Магрини во интервју за весникот Република.

Тој го повтори своето мислење за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“, смирувајќи ги оние кои веќе ја примиле првата доза на лекот. Тој рече дека „не треба да прават ништо друго освен да пријават можни симптоми кај својот лекар“.

Говорејќи за вкупната достапност на вакцините, Магрини потсети дека според националниот план за вакцинација, до летото ќе има 20 милиони дози месечно во земјата.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он