Истражување: Топењето на мразот зголемено за 60 проценти

Од:

Во извештајот на Европската вселенска агенција (ЕСА), објавен во стручното списание Криосфера (Cryosphere), научниците предупредуваат дека мразот на нашата планета се топи со рекордна брзина, како резултат на климатските промени.

Авторите на студијата истакнуваат дека во светот се стопиле околу 28 трилиони тони мраз во периодот од 1994 до 2017 година, што е еквивалентно на блок со дебелина од сто метри и големина на Велика Британија.

Научниците презентираа и податоци според кои билион тони мраз, доколку се формираат во коцка, би достигнале висина поголема од Монт Еверест.

Во период од 23-годишно истражување, тие забележале речиси 60 проценти глобално зголемување на стапката на топење на мразот.

– Бевме изненадени кога забележавме толку голем пораст за помалку од 30 години, рече коавторот на студијата Томас Слатер, глациолог од Универзитетот во Лидс во Велика Британија.

Од 2012 година, стапката на топење на мразот на Антарктикот е тројно зголемена во споредба со претходните две децении.

Во текот на 1990-тите години, годишно се топеа околу 0,8 билиони тони мраз, а до 2017 година тој број достигна дури 1,2 билиони годишно.

На глобално ниво, атмосферските температури се зголемија за околу 1,1 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, но на Арктикот стапката на затоплување се зголеми за двапати повеќе од светскиот просек во последните 30 години.

Истражувачите на ЕСА дојдоа до сознанија на глобалните податоци за сателити и ги поврзаа резултатите од нивното истражување со студии спроведени на копното на поларните региони и со истражување на 215.000 планински глечери.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска