Истражување: Речиси 30 проценти од бразилското злато е нелегално

Од:

Околу 28 проценти од бразилскиот извоз на злато во 2019 и 2020 година најверојатно доаѓа од илегални рудници, се вели во извештајот на јавните обвинители и федералниот универзитет Минас Гаераис, што укажува на широко распространето фалсификување документи и неефикасно спроведување на законот.

Извештајот покажа индикации за незаконитост во врска со 48,9 тони злато во период од две години. Илегалните рудари во Бразил често вадат злато од области каде што експлоатацијата не е дозволена, како што се заштитените природни резервати.

Ова рударство, извршено без оглед на еколошките прописи, поттикнува уништување на шумите во амазонската прашума и се покажа дека ја труе реката со жива.

Извештајот вклучува само злато кое било регистрирано во федералната влада заради плаќање даноци за благородни метали и било проверувано со податоци од сателитски снимки од пријавените локации на рудници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск