Истражување: Евакуацијата на Фукушима раздели 50 проценти од семејствата

Од:

Речиси половина од семејствата кои избегаа од префектурата Фукушима кога започна нуклеарната криза пред три години, се разделени и имаат проблем со сместувањето, со барањето работа и со потребите за образование на децата, стои во неодамнешната анкета направена од префектурата.

Иако локалните власти во засегнатата зона и порано правеле слични истражувања, оваа е првото кое ја покрива целата префектура, меѓу кои се и оние кои биле присилени да се евакуираат и оние кои доброволно ја напуштиле.

Властите во префектурата испратиле прашалници до 62.812 семејства, и добиле одговори од 20.680. Резултатите од истражувањето беа објавени во понеделникот.

Сега сместен во „привремено“ сместување во Иваки, во префектурата Фукушима, 78-годишниот Масаичи Коизуми пртеходно живеел во градот Окума, кој е на самиот брег со уништениот блок број 1 на нуклеарната централа Фукушима, со пет други членови на семејството. Заради малиот простор, најстариот син на Коизуми сега живее во друг дом во Иваки, со неговата жена и децата.

Околу 10,000 жители на Окума се раселени. Коизуми се откажал да се врати во својот дом и почнал да гради нова куќа во Иваки. „Мислам дека конечно ќе си го вратам животот кој претходно го живеев“, вели тој, но додава дека е „загрижен дали ќе се вклопи во новото соседство, затоа што не познавам никого тука“.

Во Цуруока, во префектирата Јамагата, семејство на три генерации од осум члена, меѓу кои е жена со сопругот и нивните три деца од евакуираната зона, живеат раштркани во три посебни станови кои за нив ги изнајмува градот.

– Барам место каде ќе можеме сите да живееме, но не можеме да најдеме такво, вели жената.

Од околу 132.500 евакуирани жители, Јамагата прифатила околу пет илјајди и се создал втор по големина кластер на евакурани лица по Токио.

Рика Такахаши има 41 години и доброволно го напуштила градот Фукушима и отишла во Јамагата, каде сега живее со втората и со најмалата ќерка. Најстарата ќерка останала со сопругот на Такахаши во Фукушима, но минатата година се преселила во префектурата Ибараки за да се запише на универзитет.

– Од почетокот, семејствата често биле раздвојувани, но се разделиле уште повеќе заради образованието на децата и од дрги причини, вели 32-годишната Јоко Тада, член на организација од Јамагата која им дава поддршка на евакуираните. Според истражувањето направено од префектурата Фукушима, 67,5 проценти од домаќинствата велат дека имаат членови од семејствата кои „се жалат заради физички и психолошки проблеми“. Повеќе од половината од случаите имаат проблеми со спиењето и се неспособни да уживаат во живот како претходно.

Од оние кои изразиле желба да се вратат во родните градови, 40,9 проценти рекле дека ќе се вратат „ако нивните стравови и ефектите од радијацијата се намалат“.

Но нуклеарната централа се уште има серија проблеми, меѓу кои е и истекување на високорадиоактивна вода која се собира, додека обидите за деконтаминација од централната и локалната влада се видливо намалени.

Кјодо – Токио

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија