Истражување: Еден од пет индонезиски студенти поддржува калифат

Од:

Речиси 20 отсто од средношколците и студентите во Индонезија даваат поддршка на воспоставувањето калифат во светски најголемата муслиманска држава, се нагласува во заклучоци од нова анкета спроведена оваа недела.

Речиси еден од четворица студенти наведуваат дека се подготвени да водат џихад за да постигнат калифат. Сепак, анкетата покажа дека огромно мнозинство студенти не се согласуваат со воспоставувањето исламски калифат и насилство.

Индонезија која во изминатите години градеше репутација за верска толеранција, сега е под лупа, во моменти кога тврдокорните исламски групи се пробиваат во јавниот и политичкиот живот во младата демократија. Во земјата, најголем дел од жителите практикуваат умерен ислам, додека во државата има голем број хинду, христијани и луѓе кои се придржуваат кон традиционалните верувања. Религиозната разновидност е вградена во нејзиниот устав.

Анкетата била спроведена врз повеќе од 4.200 муслимански студенти, претежно во престижни училишта и универзитети.

Властите постојано предупредуваат за притаено влијанието на радикални исламисти меѓу студентските организации и активностите на кампусот.

Претседателот Јоко Видодо и неговата влада се обидуваат да го спречат зголемувањето на влијанието на радикалните исламисти, особено на универзитетите и исламските интернати.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници