Истражен комитет: Нетанјаху е виновен за смртта на 45 аџии во 2021 година

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сноси „лична одговорност“ за трагичните настани на планината Мерон во април 2021 година, кога 45 еврејски аџии загинаа во стампедо, се вели во извештајот на истражната комисија.

„Заклучивме дека премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси лична одговорност“ за оваа трагедија, пишува комитетот, „бидејќи катастрофата можеше да се избегне“.

Израелскиот премиер „знаел или требало да знае дека локацијата била слабо одржувана со текот на годините“ и може да претставува „ризик за многу учесници“ на верскиот фестивал што се одржува таму секоја година за да го одбележи еврејскиот празник Лаг Б’Омер се вели во извештајот.

Нетанјаху и неговите служби сносат одговорност затоа што треба да ги идентификуваат проблемите што можат да претставуваат „ризик за човечки животи“, а тој „не постапи како што се очекуваше од премиерот, за да ја поправи ситуацијата“, се вели во извештајот.

Извештајот зборува за „недостатокот на владеење“ и „културата на избегнување одговорност“ на израелскиот премиер. Верски фестивал на планината Мерон во северен Израел секоја година привлекува десетици илјади еврејски верници на гробот што му се припишува на рабинот Симон Бар Јохаи, талмудист од вториот век.

Огромна толпа во делот наменет за мажи на 30 април 2021 година предизвика стампедо во кое загинаа 45 аџии, меѓу кои најмалку 16 деца. За недостатоците на таа локација двапати предупредуваше и државниот инспектор задолжен за надзор на работата на јавните институции, во 2008 и 2011 година.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид смета дека Нетанјаху требало да поднесе оставка ден по трагедијата.

„Додека Нетанјаху е сè уште премиер, следната катастрофа е само прашање на време“, напиша тој на платформата X.

Истражната комисија беше основана од Нафтали Бенет, премиер од јуни 2021 година, откако Нетанјаху одби да го стори тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа